• недела, 22 декември 2024

Леао ги одби Реал и Челзи и ќе го продолжи договорот со Милан

Леао ги одби Реал и Челзи и ќе го продолжи договорот со Милан

Милано, 26 април 2023 (МИА) - Крилниот напаѓач на Милан, Рафаел Леао, одби трансфер во Челзи и Реал Мадрид.

 

Според „Газета дело спорт“, 23-годишниот Португалец ќе го продолжи договорот со „Росонерите“.

 

И во интервју за „Скај“, Леау изјави дека сака да остане во Милан.

 

Оваа сезона играчот одигра 41 натпревар во сите натпреварувања, постигнувајќи 13 гола и 12 асистенции. Неговиот договор со Милан е до летото 2024 година. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан