• понеделник, 06 мај 2024

Ла lига го објави календарот за новата сезона, Ел класико ќе се игра во октомври и март

Ла lига го објави календарот за новата сезона, Ел класико ќе се игра во октомври и март
Мадрид, 23 јуни 2022 (МИА) – Шпанската фудбалска федерација на својата официјална веб-страница денес го објави календарот на натпреварите од Ла Лига за сезоната 2022/23. Барселона и Реал Мадрид ќе играат меѓу себе на 16 октомври во Мадрид (9. коло) и на 19 март 2023 година во Барселона (26. коло). Натпреварите од првото коло на шампионатот на Шпанија ќе се одржат на 14 август. Сезоната ќе заврши на 4 јуни 2023 година. Во првото коло ќе играат: Атлетик Билбао - Мајорка Барселона – Рајо Ваљекано Бетис – Елче Селта – Еспањол Кадиз – Реал Сосиедад Осасуна – Севилја Алмерија – Реал Мадрид Хетафе – Атлетико Мадрид Ваљадолид – Виљареал Валенсија – Жирона. зс/

Остани поврзан