Лајен по нападот на Киев разговарала со Зеленски и Трамп
- Шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, разговарала со украинскиот претседател Володимир Зеленски, а потоа и со американскиот претседател Доналд Трамп по масовниот напад на Киев во текот на ноќта.
Брисел, 28 август 2025 (МИА) – Шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, разговарала со украинскиот претседател Володимир Зеленски, а потоа и со американскиот претседател Доналд Трамп по масовниот напад на Киев во текот на ноќта.
Според украински официјални лица, во нападот биле убиени најмалку 18 луѓе, а оштетена е и зградата на Делегацијата на ЕУ.
Шефицата на Европската комисија не откри што ѝ рекол Трамп, а сè уште се чека изјава од американскиот претседател.
- Путин мора да седне на преговарачка маса. Мораме да обезбедиме праведен и траен мир за Украина со цврсти и веродостојни безбедносни гаранции кои ќе ја претворат земјата во челичен еж. Европа целосно ќе ја одигра својата улога. На пример, нашиот одбранбен инструмент SAFE ќе биде важен за зајакнување на храбрите украински вооружени сили, напиша Фон Дер лајен на Х. јт/