• недела, 22 декември 2024

Лајен: Во Хаг ќе биде отворен центар за истрага и собирање на докази за злосторствата во Украина

Лајен: Во Хаг ќе биде отворен центар за истрага и собирање на докази за злосторствата во Украина

Киев, 2 февруари 2023 (МИА) – Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека во Хаг ќе биде отворен центар за истрага на злосторствата и собирање докази за акти на агресија во Украина.

- Центарот ќе го координира собирањето докази и ќе биде вклучен во заедничкиот истражен тим, кој е поддржан од нашата агенција „Еуроџаст“, наведе Лајен.

Таа е во официјална посета на Киев заедно со неколку високи претставници на ЕУ.

Меѓународниот кривичен суд во Хаг веќе ги истражува наводните воени злосторства и злосторства против човештвото поврзани со руската инвазија врз Украина. Кривичниот суд може да гони ако има доволно докази дека злосторството геноцид е извршено во Украина, но нема јурисдикција да гони за наводните дела на агресија извршени од Русија.

Според дефиницијата на ОН „акт на агресија“ е „инвазија или напад од вооружените сили на која било држава, територијата или која било воена окупација“. ми/

Остани поврзан