Лаури прв асистент во историјата на Торонто
- Кошаркарот на актуелниот НБА шампион Торонто, Кајл Лаури, изби на првото место по број на асистенции.

Торонто, 29 јануари 2020 (МИА) – Кошаркарот на актуелниот НБА шампион Торонто, Кајл Лаури, изби на првото место по број на асистенции.
Ѕвездата на канадскиот клуб на синоќешниот дуел со Атланта (130:114) оствари 11 асистенции и стигна до 3.772 во својата кариера.
На вечната листа во оваа статистичка категорија на досегашниот лидер Хозе Калдерон падна на второто место со 3.770.
Во Топ 5 се уште и: ДеМар ДеРозан со 2.078, Алвин Вилијамс со 1.791 и Дејмон Стадемаер со 1.761 додавање по кое се постигнати поени. зс/