• среда, 17 јули 2024

Лаптопи за 76 ученици од ОУ„ Санде Штерјоски“  Кичево

Лаптопи за 76 ученици од ОУ„ Санде Штерјоски“  Кичево
Кичево, 12 февруари 2021 (МИА) - Ученици од основното училиште „Санде Штерјоски“ во Кичево ќе добијат лаптоп компјутери, донација од АД„ Макпетрол“- Скопје. Компанијата донираше 76 лаптопи за учениците од училиштето, кое е едно од повеќето во општина Кичево, кои се соочија со немање компјутери за следење на онлајн наставата.

- Во нашето училиште има поголем број на ученици - 76 кои поради немање на лаптоп или компјутер не се во можност редовно да ја следат онлајн наставата. Проблемот конечно трајно ќе биде решен со донацијата од страна на „Макпетрол“, од каде за сите 76 ученици од четврто до деветто одделение обезбедени се нови лаптопи, кои засекогаш ќе им стојат на располагање. Лаптопите најпрво ќе пристигнат во општина Кичево, а во текот на наредната недела ќе им бидат врачени на нашите ученици, изјави Јонуз Пињоли, директор на училиштето, во кое наставата се одвива во три училишни згради.

Директорот Пињоли потсети дека проблемот со отсуствата од онлајн наставата кај некои ученици конечно ќе се надмине, откако со овие ученици е разговарано и им е предочено дека задолжително треба да се вклучени во платформата за тековно да ја следат наставата. Како резултат од овие разговори, отсуствата од онлајн наставата се минимални. за/свс/

Остани поврзан