• петок, 20 декември 2024

Лапорта лут на УЕФА: Ни ветија повеќе пари, но добивме повеќе натпревари

Лапорта лут на УЕФА: Ни ветија повеќе пари, но добивме повеќе натпревари

Барселона, 18 октомври 2024 (МИА) - Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта се изјасни против новиот формат на Лигата на шампионите. Тој особено не го одобри поголемиот број натпревари на турнирот.

-Мислев дека ќе добиеме повеќе пари, но се покажа дека добивме повеќе натпревари. Да се ​​освои Лигата на шампионите е престижно, но очекував се да биде поинаку. Суперлигата? Таа е пожива од кога било и се е подготвено за неа. Потребно е само да се постигне разбирање со фудбалските организации. Барселона ќе се обиде да ја игра улогата на мост меѓу Суперлигата и федерациите, потенцираше газдата на каталонскиот клуб.

Лапорта се изјасни негативно и за натпреварите во Лигата на нациите.

-Јас сум против овој турнир. УЕФА го организира преку задната врата. Таму не се почитуваат правата на играчите, а клубовите плаќаат. Работите мора да се регулираат за да бидат во интерес на играчите и клубовите, додаде Лапорта. дс

Фото: Архива

Остани поврзан