• понеделник, 23 декември 2024

Лапид сведочеше во случајот за корупција против Нетанјаху

Лапид сведочеше во случајот за корупција против Нетанјаху

Ерусалим, 12 јуни 2023 (МИА) – Лидерот на израелската опозиција, Јаир Лапид денеска сведочеше дека премиерот Бенјамин Нетанјаху двапати се обидел да го убеди да го поддржи законот за даночни олеснувања на еден холивудски магнат.

Поранешниот израелски премиер и главен ривал на Нетанјаху, Лапид сведочеше во еден од трите случаи против актуелниот израелски премиер. Во обвинението се наведува дека Нетанјаху ги искористил своите позиции за да ги поддржи интересите на холивудскиот магнат Арнон Милчан, а за возврат доби подароци.

Според обвинението, Нетанјаху извршил лични услуги за Милчан, вклучително и барање од американски официјални лица да му ја продолжат дозволата за престој во САД на Милчан.

Нетанјаху ги негира обвинувањата, истакнувајќи оти подароците била само пријателски гест.

Нетанјаху е обвинет за измама, нарушување на довербата и примање мито во три случаи во кои се вмешани влијателни медиумски магнати и богати поединци. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан