Лапид: Владата на Нетанјаху е сон на непријателите на земјата
- Лидерот на израелската опозиција Јаир Лапид денеска и покрај тврдењето на премиерот Бенјамин Нетанјаху, изјави дека сегашната влада на Израел е сон на непријателите на земјата.
![Лапид: Владата на Нетанјаху е сон на непријателите на земјата](https://mia.mk/images/20240304172610_big_730x400_33.webp )
Ерусалим, 4 март 2024 (МИА) - Лидерот на израелската опозиција Јаир Лапид денеска и покрај тврдењето на премиерот Бенјамин Нетанјаху, изјави дека сегашната влада на Израел е сон на непријателите на земјата.
„Бенјамин Нетанјаху рече дека сегашните избори ќе бидат сон на нашите непријатели. Спротивно е, господине, спротивно. Сонот на нашите непријатели е дека вашата влада е катастрофа, а нивниот сон е вие да продолжите да ја раководите“, рече Лапид на состанокот на неговата партија на центарот Јеш Атид (Има иднина).
Лапид оцени дека има два избора: лоша, опасна, влада која пропаѓа или избори кои би довеле до добра влада, која би ја обновила безбедноста на народот на Израел.
„Ништо не ги плаши (лидерите на Хамас Јахја и Исмаил) Синвар и Ханије повеќе од фактот дека ќе има ефикасна, сигурна израелска влада со поддршка од светот и функционална економија“, рече Лапид, пренесоа израелските медиуми.
Нетанјаху во саботата рече дека општите избори во таа земја ќе значат крај на војната и пораз на Израел. рп/
Фото: ЕПА