• среда, 14 мај 2025

Лазаров повика 21 ракометар за завршните евроквалификациски дуели

Лазаров повика 21 ракометар за завршните евроквалификациски дуели

 

Скопје, 30 април 2025 (МИА) – Селекторот на македонската машка ракометна репрезентација Кирил Лазаров повика денеска 21 ракометар за претстојните два завршни натпревари против Естонија и Литванија во рамки на квалификациите за пласман на Европското првенство 2026.

Македонските ракометари на 8 мај ѝ гостуваат на Естонија, пред завршниот дуел во рамки на квалификациската група 1 против Литванија на 11 мај во Скопје.

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) објави денеска цената на влезниците за натпреварот против Литванија ќе изнесува 200 и 300 денари, а продажбата ќе почне в петок.

Повикани ракометари:

Никола Митревски, Мартин Томовски, Иван Галевски, Ненад Костески, Александар Петковски, Иван Џонов, Гоце Ојлески, Филип Кузмановски, Мартин Велковски, Матин Ивановски, Павле Атанасијевиќ, Дамјан Митев, Емилијан Ѓорговски, Мартин Серафимов, Томислав Јагуриновски, Жарко Пешевски, Милан Лазаревски, Валентин Карасманакис, Марко Стојковиќ, Никола Маркоски и Михаил Аларов. ег

ФОТО: РФМ

Остани поврзан