• понеделник, 01 јули 2024

Лазаров го пропушта Европското првенство поради повреда

Лазаров го пропушта Европското првенство поради повреда
Дебрецин, 13 јануари 2022 (МИА) – Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров нема да биде во можност да настапи на Европското првенство кое денеска започнува во Унгарија и Словачка, соопшти вечерва Ракометната федерација на Македонија (РФМ) непосредно пред премиерниот дуел на „црвено – жолтите“ против Словенија со почеток од 18 часот во Дебрецин. - Десниот бек се повреди во текот на вчерашниот ден на првиот официјален тренинг. По прегледите направени од нашиот медицински тим констатирано е дека се работи за повреда на спојот на два мускули на левата потколеница. Потребно е мирување од три недели, се наведува во соопштението на РФМ. Лазаров вечерва ќе биде само на клупата и ќе го води тимот како селектор, но за жал нема да може да помогне на теренот како играч.ег/ар/    

Остани поврзан