• среда, 25 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Кореа би можел да биде суспендиран на 12 натпревари поради пцовки кон судијата

Кореа би можел да биде суспендиран на 12 натпревари поради пцовки кон судијата

Мадрид, 10 март 2025 (МИА) – Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Анхел Кореа би можел да добие долга дисквалификација поради пцуењето упатено кон судијата Гиљермо Куадра Фернандез на вчерашниот натпревар со Хетафе (1:2) во 27. коло од Ла Лига, пренесува „Marca“.

Во финишот од натпреварот напаѓачот доби црвен картон, по што грубо го навреди судијата, користејќи голем број непристојни изрази упатени кон судијата и неговата мајка. Зборовите беа внесени во протоколот на играта. Кореа се соочува со суспензија од четири до 12 натпревари.

Откако Аргентинецот беше исклучен, Атлетико прими два гола на крајот од мечот и загуби.

Избраниците на Диего Симеоне по 27 кола имаат 56 бодови и се третопласирани на табелата во Ла Лига. Кореа оваа сезона одигра 38 натпревари во сите натпреварувања, постигна седум голови и пет асистенции. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан