• четврток, 12 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Анчелоти го пофали Мбапе за голот против Рајо Ваљекано

Анчелоти го пофали Мбапе за голот против Рајо Ваљекано

Мадрид, 10 март 2025 (МИА) - Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти искажа пофални зборови за настапот на напаѓачот Килијан Мбапе на натпреварот од 27. коло од Ла Лига против Рајо Ваљекано (2:1).

- Винисиус и Мбапе постигнаа два импресивни гола. До 70. минута играа многу добро и имаа шанси да го направат резултатот 3:1. Мбапе одигра брилијантно, постигна спектакуларен гол. Се бореше, падна да ја земе топката. Голот дојде затоа што тој отиде да ја прими топката во средниот ред, а потоа со своето движење ја избегна одбраната. Тоа беше фантастичен гол, тој направи се многу добро, изјави Анчелоти во прес-службата на мадридскиот клуб.

Оваа сезона 26-годишниот Французин одигра 41 натпревар во сите натпреварувања, постигнувајќи 28 голови и четири асистенции.

Реал Мадрид со 57 бодови е втор на табелата зад Барселона која има исто така 57 и натпревар помалку. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан