Лавров: Мировниот план на Трамп за Блискиот Исток не е доволно јасен за палестинската државност
- -Забележавме дека мировниот план на Трамп се однесува само на Појасот Газа. Државноста се споменува, но на многу општ начин“, изјави Лавров пред новинарите во арапските земји
Москва, 13 октомври 2025 (МИА) – Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, денеска изјави дека планот на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на конфликтот меѓу Израелците и Палестинците во Газа не е доволно конкретен за палестинската државност, јавија британските медиуми.
-Забележавме дека мировниот план на Трамп се однесува само на Појасот Газа. Државноста се споменува, но на многу општ начин“, изјави Лавров пред новинарите во арапските земји.
„Важно е да се разјаснат овие прашања, вклучително и што ќе се случи на Западниот Брег“, рече тој.
Тоа беше досега најкатегорична изјава на Русија за планот на Трамп, забележаа британските медиуми.
Според Русија, тој не е доволно детален и сеопфатен, иако Лавров исто така рече дека Русија се надева дека сите договори постигнати меѓу Израел и Хамас според планот ќе бидат спроведени во пракса.
Рускиот претседател Владимир Путин минатата недела изјави дека Русија е подготвена да ги поддржи мировните напори преку своите контакти со земјите во регионот.сд/
фото:МИА архива