• понеделник, 23 декември 2024

Лавров и Помпео се согласија да ги координираат напорите

Лавров и Помпео се согласија да ги координираат напорите
Москва, 17 април 2020 (МИА) - Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и државниот секретар на САД, Мајк Помпео, денеска за време на телефонски разговор се согласија да продолжат да ги координираат напорите за надминување на кризата на нафтените пазари и предизвиците од епидемијата на коронавирусот, соопшти руското Министерство за надворешни работи. Во соопштението се додава дека разговорот следувал по пет телефонски разговори меѓу претседателите на двете држави, што се одржаа од 9 април. јт/

Остани поврзан