Лавров: Америка, за разлика од Европа, сака да ги разбере причините за војната во Украина
- Русија гледа дека САД, за разлика од Европа, имаат желба да ги разберат основните причини за конфликтот во Украина, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Москва, 11 април 2025 (МИА) - Русија гледа дека САД, за разлика од Европа, имаат желба да ги разберат основните причини за конфликтот во Украина, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
„Гледаме дека во САД, за разлика од Европа, која, овде ја вклучувам и Велика Британија, целосно ги игнорира основните причини за сегашната ситуација, постои желба да се дојде до суштината на проблемот“, рече тој.
Обновата на односите меѓу Москва и Вашингтон започна со состанокот на делегациите во Ријад на 18 февруари, а последните преговори беа одржани во четвртокот во Истанбул.
Покрај тоа, во текот на изминатите два месеца, претседателите на двете земји, Владимир Путин и Доналд Трамп, двапати телефонски разговараа. паг/
Фото: ЕПА