• петок, 05 декември 2025

КЈП „Водовод“ повторнo со акција за чистење на контејнерите кај „АСНОМ“

КЈП „Водовод“ повторнo со акција за чистење на контејнерите кај „АСНОМ“

Кочани, 3 декември 2025 (МИА) - Комуналните служби на Општина Кочани и екипите на КЈП „Водовод“ во континуитет се соочуваат со сериозни предизвици во одржувањето на јавната чистота. И покрај редовното празнење на контејнерите и отстранувањето на комуналниот отпад, за само еден ден тие повторно се полнат – честопати и со големи количини градежен и кабаст отпад кои се оставаат на јавните површини, во близина на контејнерите. 

Особено критична останува локацијата на северната страна од Комплексот „АСНОМ“ во Кочани, каде што и денеска екипи на КЈП „Водовод“ интервенираа со механизација за да го исчистат пренатрупаниот отпад и да ја вратат уредноста на просторот. Ваквата несоодветна практика создава грда слика за околината и претставува дополнителен трошок и оптоварување за комуналниот систем. 

Општина Кочани и КЈП „Водовод“ апелираат - граѓаните да ја почитуваат поставената комунална инфраструктура, зашто само со заедничка свест и одговорност може да се обезбеди почиста и поуредна заедница, во интерес на сите жители. ис/дма/

фото: Општина Кочани

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан