• среда, 13 ноември 2024

КФСМ: Македонија домаќин на две европски првенства во 2024

КФСМ: Македонија домаќин на две европски првенства во 2024

Скопје, 25 ноември 2023 (МИА) – Македонската кошаркарска федерација (КФСМ) соопшти дека идната година во Скопје ќе биде организатор на две европски првенства за млади кошаркари.

Бордот на ФИБА Европа на својата седница во швајцарскиот Мие, одлучи во периодот од 26. јули до 16 август, КФСМ да го организира Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркари „Под 18“ години, како и на Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркари „Под 16“ години.

Еврошампионатот од Дивизијата „Б“ за кошаркари „Под 18“ години ќе биде реализиран во периодот од 26. јули до 4. Август во Скопје, додека пак во кадетска конкуренција, „Под 16“ години од Дивизијата „Б“, ќе се одигра во периодот од 8. до 17. август, исто така во Скопје.

Македонската кошаркарска селекција „Под 20“ години ќе се борат за што подобар пласман на Европското првенство кое ќе се игра од 13. до 21 јули во полскиот град Гдиња. ег/дма/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан