• вторник, 02 јули 2024

Куртоа го менува Лунин на голот на Реал за финалето на ЛШ

Куртоа го менува Лунин на голот на Реал за финалето на ЛШ

Лондон, 31 мај 2024 (МИА) - Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти соопшти кој ќе биде на голот на тимот во големото финале во Лигата на шампионите утре од 21 часот на стадионот „Вембли“ во Лондон.

-Тибо Куртоа почнува утре. Андриј Лунин ќе биде на клупата, изјави тренерот на Реал.

Причината за ова е што Лунин боледува од вирусна болест, која го спречи целосно да тренира со тимот.

Шпанскиот тим ќе го брка 15-от трофеј во натпреварувањето, а противник утревечер ќе им биде Борусија Дортмунд. дс

Фото: Архива

Остани поврзан