• сабота, 20 јули 2024

Куртоа: Анализирав како Меси шутира пенали

Куртоа: Анализирав како Меси шутира пенали
Мадрид, 16 февруари 2022 (МИА) - Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа изјави дека ја проучувал техниката на ударот од пенал на напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Лионел Меси пред осминафиналето на Лигата на шампионите.  Куртоа го одбрани ударот од белата точка на Аргентинецот во 62. минута од натпреварот.  - На вакви натпревари голманот мора да работи напорно. Проучував како Меси ги изведува пеналите и се обидов да го деконцентрирам со него додека стоев на линијата. Сепак, потребна е и малку среќа да се одбрани пенал, објави Куртоа. ПСЖ вчеравечер го победи Реал Мадрид со 1:0 со голот на Килијан Мбапе во судиското надополнување. зс/

Остани поврзан