• недела, 22 декември 2024

Курти: Косово треба што поскоро да добие статус на земја кандидат за членство во ЕУ

Курти: Косово треба што поскоро да добие статус на земја кандидат за членство во ЕУ

Приштина, 15 декември 2023 (МИА) - Точно една година по поднесувањето на барањето за членство на Косово во Европската унија, косовскиот премиер Албин Курти изјави дека Косово треба што поскоро да добие статус на земја кандидат за членство во ЕУ.

Оценувајќи го како историско отворањето на преговорите за членство на Украина и Молдавија во ЕУ, Курти рече дека зачленувањето на земјите од Западен Балкан е пат да се обезбеди мир на континентот.

„Како една од најдемократските и про-ЕУ земји во регионот, на Косово треба без одложување да му се даде статус на кандидат“, напиша Курти на платформата „Икс“.

На 15 декември 2022 година, Курти го поднесе барањето на Косово за членство во ЕУ до Чешка, која тогаш претседаваше со ЕУ. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан