Курти и Свечља поставија камен-темелник на нова полициска станица во Лепосавиќ во северно Косово
- Косовскиот премиер, Албин Курти и министерот за внатрешни работи, Џељаљ Свечља денеска поставија камен-темелник за нова полициска станица во селото Лешак, во близина на Лепосавиќ во северно Косово, објави косовскиот портал на српски јазик КосовоОнлајн (kosovo-online.com).
Приштина, 10 септември 2024 (МИА) – Косовскиот премиер, Албин Курти и министерот за внатрешни работи, Џељаљ Свечља денеска поставија камен-темелник за нова полициска станица во селото Лешак, во близина на Лепосавиќ во северно Косово, објави косовскиот портал на српски јазик КосовоОнлајн (kosovo-online.com).
На настанот присуствуваше и министерот за администрација и локална самоуправа, Елберт Красниќи.
Новата полициска станица треба да се изгради на местото на старата, на која веќе ѝ е отстранет покривот и чие уривање е започнато.
По церемонијата Курти и Свечља не дадоа изјави, туку веднаш си заминаа.
По нивното заминување започна уривањето на старата полициска станица. иа/ссм/