• вторник, 19 ноември 2024

Куомо се сретна со Трамп во Белата куќа

Куомо се сретна со Трамп во Белата куќа
Вашингтон, 28 мај 2020 (МИА) - Гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо, синоќа во Белата куќа се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп со кого разговараа за започнување важни инфарструктурни проекти за рестартирање на економијата во регионот. - Разговаравме како да се поттикне отварањето, посебно за Њујорк, кој најсилно настрада, изјави Куомо. Меѓу проектите за кои се разговарало се планот за изградба на железнички тунел под реката Хадсон, проширување на метро линијата на Втора авенија, како и железницата до аеродромот Ла Гвардија, објави „Њујорк тајмс“. Гувернерот изјави дека овие проекти се клучни во поттикнување на економијата на Њујорк, додека градот се рехабилитира од ударот на пандемијата. За проектите се потребни финансии и од федералниот буџет. Куомо го повика Трамп да помогне во „побрзо раздвижување на бирократијата“ за брзо започнување на работите. Трамп е републиканец, Куомо е избран гувернер на сојузната држава Њујорк од Демократската партија. кб/ми/

Остани поврзан