Кумановската полиција пронашла седумнаесет мигранти од Сирија
- Кумановската полиција ноќва во липковското село Лојане, пронашла седумнаесет мигранти од Сирија, едниот бил повреден, добил здравствена помош, сите се префрлени во транзитниот центар Табановце, информираше денеска поллицијата.
Куманово, 11 ноември 2024 (МИА) - Кумановската полиција ноќва во липковското село Лојане, пронашла седумнаесет мигранти од Сирија, едниот бил повреден, добил здравствена помош, сите се префрлени во транзитниот центар Табановце, информираше денеска поллицијата.
-Денеска во 03:17 часот во село Лојане, липковско, полициски службеници од СВР Куманово пронашле 17 лица мигранти од Сирија, од кои еден бил повреден и од екипа на Итна медицинска помош му била укажана помош, соопшти СВР Куманово.
Мигрантите биле спроведени во транзитен центар Табановце, полицијата презема мерки за расчистување на случајот. ам/са/
Фото: МИА архива