Куманово го поддржува проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“
- Општина Куманово ги поддржува почнатите активности во рамки на проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“ информираа денеска од општината. За таа цел, денеска во просториите на општина Куманово претставници од локалната самоуправа одржаа работен состанок со претставници на Детската фондација „Песталоци“ и Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“ – Скопје.

Куманово, 22 септември 2023 (МИА) - Општина Куманово ги поддржува почнатите активности во рамки на проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“ информираа денеска од општината. За таа цел, денеска во просториите на општина Куманово претставници од локалната самоуправа одржаа работен состанок со претставници на Детската фондација „Песталоци“ и Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“ – Скопје.
- Целта на средбата се започнатите активности на проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“ на споменатото Здружение, поддржан од „Песталоци“. Проектот ги опфаќа учениците со попреченост, оние кои се надвор од образовниот процес и ученици со надмината возраст. Беше дискутирано за спроведување на процесот на инклузија за претстојните обуки на наставници и асистивна технологија, како и за теренски активности, кои ќе бидат преземени во општинските основни училишта „Христијан Карпош“ и „Наим Фрашери“, велат од општина Куманово.ам/цр
Фото: Општина Куманово