• недела, 30 јуни 2024

Куманово ангажира поранешен кошаркар на Лејкерс

Куманово ангажира поранешен кошаркар на Лејкерс
Скопје, 9 август 2021 (МИА) – Македонскиот кошаркаршки прволигаш Куманово се засили со Американецот Џонатан Холмс, поранешен член на Лос Анџелес Лејкерс. Холмс во 2015 година настапуваше во летната НБА-лига за Бостон Селтикс, а истата година стана дел од ЛА лејкерс, но не успеа да се наметне во првиот тим. Во својата кариера Холмс бил член и на Барселона, Реал Кану и Макаби. Куманово новата сезона ќе ја почне со големи амбиции и во домашното првенство и во регионалната Балканска лига (БИБЛ). зс/

Остани поврзан