• петок, 22 ноември 2024

Куманово ќе гради канализациска мрежа во Проевце

Куманово ќе гради канализациска мрежа во Проевце
Куманово, 15 јули 2022 (МИА) - Куманово ќе одвои над 3,3 милиони денари за изградба на канализациска мрежа на улицата „601“ во урбаната единица „Проевце“, информираа денеска од секторот за комунални дејности. Изградбата на мрежата се очекува да почне наскоро, договорот со избраната градежна компанија е потпишан на 5 јули годинава. На јавниот оглас избрана е скопската компанија друштво за производство, промет, градежништво, транспорт и услуги „КОП-ИНЖЕНЕРИНГ“ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, која од општината ќе добие 3. 388.259 денари со вклучен данок на додадена вредност за изградба на мрежата. На тендерот се пријавиле седум компании од државата. ам/цр

Остани поврзан