• недела, 22 декември 2024

Културен настан за раното творештво на Стерјо Спасе во музејот во Глобочани

Културен настан за раното творештво на Стерјо Спасе во музејот во Глобочани
Тирана, 19 ноември 2022 (МИА) - Во музејот во село Глобочани, Мала Преспа се одржа настан посветен на Стерјо Спасе, познат албански писател со македонско потекло.
Ученици од улиштата „Раќи Ќиринџи“ и „Темистокли Гермењи“ од Корча, во соработка со училиштето „Трајан Ѓорѓиефски и Митре Колефски“ од Пустец, ја организираа оваа активност инспирирана од мотивите на ранато творештво на писателот Стерјо Спасе.
Тие го донесоа патувањето на писателот во неизвесноста на егзистенцијалните прашања на неговиот познат роман „Зошто?“.
Идејата и реализацијата е на  наставниците Резар Начо, Герти Далто и Енеида Брати од Корча и нивни колеги од Пустец.
Оваа активност беше поддржана од претседателката на советот на округот на Корча, Ана Веруши  и градоначалникот на општина Пустец, Пали Колефски.
По кусиот документарен филм посветен на детството и младите години на писателот минати во Преспа и драматизацијата на делови од неговиот роман од страна на учениците, присутните ги поздрави Веруши, која настанот го нарече величенсвен, доследен на големото име на Стерјо Спасе.
На настанот присуствуваше и неговиот син Илинден Спасе исто така писател, кој ги поздрави присутните и топло им се заблагодари.
Стерјо Спасе е роден во село Глобочени, на 14 август 1914 година додека починал на 13 септември 1989 година во Тирана. Стерјо Спасе живееше како Македонец, со дела вткаени во современата албанска литература. Тој е еден од најзначајните претставници во современата албанска литература.  Истовремено е еден од најуспешните писатели во Албанија од македонско потекло.
Во 1935 година во Корча го издава својот прв роман ” Од живот во живот – зошто”. Во романот наречен едноставно “Зошто” ремек-дело на неговото творештво, тој ја опишува историјата на млад интелектуалец, кој се вратил во своето родно село по завршување на обуката и за судирот со традиционалното, кој го води до самоубиство.
Старото руинирано училиште каде што учел и самиот тој сега е музеј кој го носи неговото име.
Од свеченото отворање во март годинава музејот „Стерјо Спасе" пополега но сигурно  станува центар на многу културни збиднувања а го посетуваат и голем број туристи. вт/

Остани поврзан