• четврток, 19 декември 2024

Кулибали може да го напушти Наполи доколку тимот не се пласира во ЛШ

Кулибали може да го напушти Наполи доколку тимот не се пласира во ЛШ
Неапол, 7 април 2021 (МИА) - Дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали може да го напушти тимот во случај да не се обезбеди учество во Лигата на шампионите на крајот на сезоната 2020/21, објави на својот Твитер новинарот Николо Шира. Според добриот познавач на италијанскиот фудбал, Манчестер јунајтед и Евертон се заинтересирани за 29-годишен Сенегалец. Објавено е дека „наполитанците“ сакаат да добијат 60 милиони евра во случај на продажба на фудбалерот. Во сезоната 2020/21, Кулибали одигра 31 натпревар за Наполи, постигнувајќи еден гол. Порталот Transfermarkt.com ја проценува вредноста на играчот на 50 милиони евра. зс/

Остани поврзан