• четврток, 14 ноември 2024

Кузеска: Jа поддржуваме домашната економија, нови 280 договори за поддршка со компании

Кузеска: Jа поддржуваме домашната економија, нови 280 договори за поддршка со компании
Скопје, 30 јули 2022 И во време на светска економска криза, Владата и институциите предводени од СДСМ продолжуваат со поддршка на домашната економија. Следува потпишување на нови 280 договори за поддршка со компании кои влегуваат во инвестициски циклуси од околу 145 милиони евра. Истите ќе креираат повеќе од 3.700 работни места во наредните 5 години или до завршувањето на нивните договори. Претходно, само во 2021 година истите овие 280 компании, инвестирале околу 50 милиони евра и создале над 1.500 нови работни места. Со овој Закон за финансиска поддршка, во изминатите четири години на домашните компании им се дадени над 50 милиони евра. Станува збор за над 600 компании од кои 80 отсто имаат домашен капитал. На овој начин се реализира заложбата на Владата предовдена од СДСМ, домашните компании да бидат третирани исто како и странските компании во Северна Македонија. Секоја финансиска поддршка од државата кон компаниите, вклучително и последнава, придонесува за зголемено производство, поголем извоз, но и отворање на нови работни места и повисоки плати за работниците. СДСМ преку Владата и инситуциите што ги предводи продолжува да ја помага домашната економија, да инвестира во човечкиот капитал и во отворањето на нови добро платени работни места. Прес-конференција на СДСМ, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ  СДСМ - Центар за комуникации со јавноста __________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан