• четврток, 16 мај 2024

Кузеска: Напред по европскиот пат на напредокот со СДСМ или назад во изолација со ДПМНЕ

Кузеска: Напред по европскиот пат на напредокот со СДСМ или назад во изолација со ДПМНЕ

Скопје, 2 март 2024

 

Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

 

Почитувани,

На претстојните претседателски и парламентарни избори граѓаните имаат  шанса да го изберат правецот на државата.

ДПМНЕ нуди само назад, да бидеме повторно заглавени 11 години без било каков напредок.

СДСМ е единствената опција која нуди надеж и продолжување на напредокот по вистинскиот пат.

Иако патот до Европа е долг и тежок, тој е единствениот што може да донесе суштински позитивни промени во нашата земја и нејзината сигурна иднина.

СДСМ иднината на С. Македонија ја гледа во ЕУ, како горда членка. Направивме се што е можно тоа да се случи додека опозициската ДПМНЕ блокираше.

Единствен начин за огромна трансформација на македонското општеството е со да станеме членка на ЕУ.

Тоа е можеби и единствена шанса за функционален судски систем и целосно владеење на правото.

Она што го нудат Мицковски и ДПМНЕ заедно со Силјановска е да се откажеме од иднината, да се откажаме.

Даваат лажни ветувања кои никогаш нема да се остварат. Доволно е само да се погледне што се случи во Скопје.

ДПМНЕ не донесе никаква позитивна промена, не донесе никаква реформа, само катастрофа.

Ист е примерот и со предлогот за претседателски кандидат на опозицијата во ликот на Давкова.

ДПМНЕ не може да донесе никакви позитивни промени затоа што единствената шанса за Македонија е членството во ЕУ – а тие се против тоа. Со ДПМНЕ нема ЕУ ниту за 100 години.

Изборот пред граѓаните е јасен. Напред по европскиот пат на напредокот со СДСМ или назад во изолација со ДПМНЕ.

Токму затоа граѓаните ќе ја дадат поддршка за кандидатот на СДСМ и коалицијата.

Глас за СДСМ е глас за поголеми плати и пензии, повеќе инвестиции и европска иднина!

Одговор на новинарско прашање, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Одговор: Актуелниот претседател Стево Пенадорвски вчера на неговата прес-конфренција каде што ја објави својата кандидатура побара поддршка од граѓаните во недела да го дадат својот потпис и да ја поддржат неговата кандидатура за втор мандат како претседател на државата, во оваа насока и СДСМ ги повикува членовите, граѓаните, сите поддржувачи да го дадат својот потпис како поддршка на кандидатурата на актуелниот претседател Стево Пендаровски. Во изминативе години можам да истакнам дека Стево Пендаровски покажа и докажа дека е претседател на сите граѓани без разлика на нивната верска, национална па и партиска определба  и од тука очекуваме поддршката за него да биде масовна, да биде огромна.

СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

Фото: МИА архива

Видео: СДСМ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан