• четврток, 14 ноември 2024

Кузеска: Мицкоски да поднесе оставка после признанијата на вина пред судовите на функционери од ВМРО-ДПМНЕ

Кузеска: Мицкоски да поднесе оставка после признанијата на вина пред судовите на функционери од ВМРО-ДПМНЕ
Скопје, 11 март 2022 Признанијата на вина пред судовите на функционери од врхушката на ВМРО-ДПМНЕ се недвосмилена потврда како оваа партија ја злоупотребила власта и дејствувала како злосторничко здружение. Проговорија како биле искористени сите начини, средства, како биле злоупотребени институцииите, не за да им се помогне на граѓаните, не за да се решат проблемите, само и само од коруптивни причини, за лично богатење. Министерот за транспорт и врски од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Јанакиевски пред судот призна дека криминална била набавката на 200 кинески автобуси во Скопје, случај во кој се злоупотребени 5 милиони евра. Мотивот бил коруптивен и ништо друго. Пред неколку дена, имаше уште едно признание за вина во случајот Титаник од страна на Гордана Јанкуловска, поранешен генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и Мартин Протуѓер, шеф на кабинет на Груевски и исто така генерален секретар. Со години била газена волјата на граѓаните и нивното изборно право, уценувале, местеле, злоупотребувале. Тројца генерални секетари на ВМРО-ДПМНЕ се вмешани во овој случај. Високата функционерка на ВМРО ДПМНЕ Елизабета Чингаровски исто така призна вина за незаконското финансирање на партијата, случај познат како Талир. Самоиницијативно, за виновни пред судот се изјаснија и советници од ВМРО-ДПМНЕ (Лазаров, Ристевски) но и многу други обвинети. Почитувани, ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е истата режимска, нереформирана партија. Во Извршниот комитет и во пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ се уште седат обвинети во овие и други случаи, како Јанушев, Милошоски, Мисајловски, и други. Во време кога се случувал овој криминал од огромни размери, кога заробената држава создавала режим за богатење на поединци, Христијан Мицкоски бил советник на Никола Груевски а потоа и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа до денеска, во ниту една изјава Христијан Мицкоски се нема оградено од криминалот на режимот, од криминалот на неговата ВМРО-ДПМНЕ. Напротив. Христијан Мицкоски треба да се огради, да побара одговорност од сите и да поднесе оставка. Не може политичар кој води нереформирана, заробена партија да понуди ништо друго за граѓаните.  Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ __________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки. https://www.youtube.com/watch?v=L3NvZFcPpZo

Остани поврзан