Кузеска: Животот во Македонија станува прескап, власта на Мицкоски потфрли во економијата
- СООПШТЕНИЕ
Скопје, 24 декември 2024
Цените на основните производи секојдневно растат, храната е прескапа, животот за граѓаните во Македонија станува се поскап и се потежок.
Последните податоци покажуваат дека минималната синдикална кошница за месец декември изнесува 62.861 денари, што е зголемување за 840 денари во споредба со претходниот месец.
Ова значи дека веќе ниту две минимални плати не се доволни за да ги покријат основните потреби на луѓето.
Граѓаните немаат никаква корист од мерките на власта. Кошничките се измама и манипулација. Власта им дозволи на трговците да се богатат на грбот на народот.
Со ДПМНЕ на власт, граѓаните имаат се помалку пари во џебовите, осиромашуваат и секој месец се борат да го преживеат.
Мицкоски и ДПМНЕ потфрлија во најважниот сегмент – економијата и животниот стандард на граѓаните.
Наместо да работат за подобрување на животот на граѓаните, Мицкоски и ДПМНЕ одбиваат да прифатат зголемување на минималната плата и го отфрлаат предлогот на СДСМ за укинување на ДДВ на храна.
Ова е уште еден доказ за погрешните и штетни политики на ДПМНЕ и ароганцијата на нивното раководство. Наместо да ја подобрат состојбата, тие директно ги загрозуваат стандардот на граѓаните.
СДСМ нема да остане нем сведок на ваквите неправди. Ќе продолжиме активно да се бориме за политики кои носат вистински решенија. Нашите предлози за укинување на ДДВ на храната, за повисока минимална плата и за мерки кои го штитат животниот стандард на граѓаните се токму чекорите кои треба да се преземат.
Граѓаните заслужуваат подобар животен стандард, сигурност, стабилност и достојна иднина.
Одговор на новинарско прашање
Завеани патишта во снег и заглавени граѓани – неспособноста на ДПМНЕ е опасна
Патиштата ширум државата се целосно неисчистени, граѓаните остануваат заглавени во снегот, а државните служби повторно се „изненадени“ од временските услови, како да е јули а не декември.
Завеани патишта, блокирани граѓани. Буквално граѓаните се оставени сами на себе, додека Македонија пат и Министерството за внатрешни работи не покажуваат никаква координација или способност за решавање на проблемите.
Летоска не успеа да се справи со пожарите, сега со снегот.
Неспособноста на оваа власт не само што е алармантна, туку и опасна за безбедноста и секојдневниот живот на граѓаните.
Богданка Кузеска, портпарол на СДСМ
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
фото СДСМ