• недела, 22 декември 2024

Кузеска: Во ВМРО-ДПМНЕ се нервозни, со денови бегаат од одговори за тендерот вреден 136 милиони евра во Скопје

Кузеска: Во ВМРО-ДПМНЕ се нервозни, со денови бегаат од одговори за тендерот вреден 136 милиони евра во Скопје
Скопје, 21 септември 2022 
Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска во дебатната емисија „Топ тема“ на телевизија Телма истакна дека ВМРО-ДПМНЕ се нервозни затоа што со кавгите и она што се случува во Град Скопје се покажа вистинското лице на оваа партија која не работи за граѓаните.
„Очекуваме институциите да го расчистат случајот со спорниот тендер од 136 милиони евра. Има премногу „случајности“ во овој случај, особено што до вчера ВМРО-ДПМНЕ тврдеше дека Аровска е нивна најдобра градоначалничка, најдобра менаџерска во светот, а сега кога се скраа тврди друго. Перински му беше шеф на кабинет на Мицкоски. Затоа ВМРО ДПМНЕ со денови молчи за причините, за она што се случува во Град Скопје и за Мицкоски“ рече Кузеска.
Кузеска јавно го повика портпаролот на ВМОР-ДПМНЕ да ги дадат одговори за сите сомнежи околу овој тендер и додаде дека Мицкоски не излезе да одговори, туку излегува Ковачки, кој ги остави војниците за да му служи нему.
„Каде е тука моралот, зарем не е предизвик за еден полковник да остане во Армијата, која сега е членка на НАТО, туку дојде да влезе во собраниска сала да пали со запалка, дојде со неразјаснета улога во 27 април и со голем сомнеж за инцидентот кај Мавровка, за време на протестите, истакна Кузеска.
Никој од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ не работат за граѓаните, за скопјани. Тоа граѓаните на Скопје не го заслужуваат. На државата и на граѓаните им треба конструктивност, не им треба бојкот, порача портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.
СДСМ - Центар за комуникации со јавноста
________________________________________________________________________________________  МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан