• недела, 22 декември 2024

Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет, а уште помалку достоинство за да преговара со Бугарија

Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет, а уште помалку достоинство за да преговара со Бугарија

Скопје, 15 септември 2024 (МИА) - СДСМ денеска обвини дека секојдневно ВМРО - ДПМНЕ ги поткопува стабилните меѓународни позиции што ги изградиле додека биле на власт. Портпаролката на партијата Богданка Кузеска на прес-конференција рече дека со последната посета на Софија, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ ја загрозиле македонската самобитност и македонски идентитет.

- За прв пат еден македонски државник се сретнал со друг државник без никакви државни обележја и ова е скандал без преседан. Ова е навреда и омаловажување на државата и нејзините граѓани, рече таа. 

Кузеска на прес-конференцијата изјави дека вчерашната реакција на кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска само потврдува дека Владата и претседателката на оваа држава „ги лажат граѓаните“.

- Како тоа биле тие измамени и непланирано се сликале на официјална фотографија? Како ако биле измамени да се фотографираат сите без македонското знаме, одма побрзаа да ги објават фотографиите на своите профили. Зошто објавиле фотографии ако целата ситуација била подметната? ДПМНЕ и Сиљановска ја вреѓаат интелигенцијата на граѓаните. Тие свесно се сликале, свесно објавиле и се пофалиле со скандалозната посета, рече Кузеска. 

Според неа, Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ иницирале дипломатски скандал со кој допуштиле Бугарија да ја понижи и да избрише под со државата и македонските граѓани.

-Ако ова е тоа што го може македонската дипломатија под водство на Мицкоски и Сиљановска, како тоа ќе преговараат подобри позиции во меѓусебните разговори? Сиљановска ли е таа која ќе ги води овие разгвори или пак Муцунски кој остана нем и без реакција на дипломатскиот скандал кој ни се случи?, рече Кузеска.

Обвини по овој скандал власта ја вратија државата години назад и ги нарушија сите позиции изградени претходно. ев/вј/

ФОТО: МИА Архива 

 

Остани поврзан