• петок, 26 април 2024

Крос останува во Реал

Крос останува во Реал

 

Мадрид, 27 март 2024 (МИА) – Германскиот фудбалски репрезентативец Тони Крос останува и следната сезона во дресот на Реал Мадрид, пренесуваат денеска шпанските медиуми.

Триесетичетиригодишниот играч за врска и шпанскиот клуб се блиску до продолжување на договорот за уште една сезона до 2025 година.

Двете страни, според медиумите, постигнале договор и потпишувањето останува само формалност.

Крос има уште една добра сезона со Реал Мадрид и неодамна се врати во германската репрезентација со која се надева на добар настап на Европското првенство чиј домаќин ова лето ќе биде Германија. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан