• четврток, 09 мај 2024

Крос: Не знам дали ќе се повлечам од репрезентација по Евро 2024 година

Крос: Не знам дали ќе се повлечам од репрезентација по Евро 2024 година

Мадрид, 20 март 2024 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Тони Крос сè уште не знае дали ќе се повлече од германската репрезентација по Европското првенство во 2024 година.

- Не размислував за тоа. Многу работи што ќе се случат по Европското првенство не се јасни. Сè уште немам ни клупски договор за следната сезона. Прво треба да го решам тоа прашање, изјави Крос за „Bayern & Germany“.

Договорот на Крос со Реал Мадрид истекува на крајот на јуни 2024 година.

Триесет и четиригодишниот фудбалер еднаш ја заврши репрезентативната кариера по Европското првенство во 2020 година, но во февруари оваа година реши да ја продолжи. Вкупно има 106 настапи за германската репрезентација и постигнато 17 голови. Крос доби повик за прв пат од 2021 година. 

Со репрезентацијата на Германија, Крос го освои Светското првенство во 2014 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан