• недела, 21 јули 2024

Крис Пол шести асистент во историјата на НБА

Крис Пол шести асистент во историјата на НБА
Вашингтон, 21 февруари 2021 (МИА) – Кошаркарот на Феникс, Крис Пол се искачи на шестото место по број на асистенции во историјата на НБА. Триесет и петгодишниот Пол ноќеска на натпревар од регуларниот дел од сезоната против Мемфис (128:97), имаше шест асистенции по што го престигна Оскар Робертсон (9.887 асистенции). Сега Пол има вкупно 9.891 асистенции во кариерата. Лидер на листата во оваа статистичка категорија е поранешниот плејмејкер на Јута, Џон  Стоктон со 15.806. Пред Пол уште се и: Џејсон Кид (12.091 асистенција), Стив Неш (10.335), Марк Џексон (10.334) и Меџик Џонсон (10.141). зс/

Остани поврзан