• недела, 22 декември 2024

Крилото на Таравари од Алијанса за Албанците ќе ја обжали судската одлука за спорот со печатите на партијата

Крилото на Таравари од Алијанса за Албанците ќе ја обжали судската одлука за спорот со печатите на партијата

Тетово, 3 април 2024 (МИА) - Крилото на Алијанса за Албанците предводено од Арбен Таравари денека на пре-конференција истакна дека групата на Зиадин Села ги искористила сите правни механизми за да промени тројца судии од Основниот суд во Тетово додека не успеале да најдат судија кој ќе пресудил во нивна корист во спорот за сопственоста на печатите на партијата.

Како што поочи портпаролот на крилото на Таравари, Блеронт Рамадани, донесената пресуда наместо прво да ја добие правниот застапник на партијата таа била објавена во јавноста од страна на медиуми блиски до ДУИ.

-Вчера бевме сведоци на вест дека печатите на Алијансата на Албанците и припаднале на незадоволната група која реши да ја напушти Алијансата на Албанците и да се спои со ДУИ. Оваа вест излезе во јавноста пред за неа да биде известен правниот застапник, а како таква први ја објавија медиумите блиски до ДУИ. Незадоволната група која заврши во ДУИ ги искористи сите механизми на моќта и смени три судии се додека не успеаја да го најдат својот омилен судија кој неправедно можел да ја заврши работата, изјави портпаролот Рамадани.

Правниот застапник на крилото на Алијанса за Албанците предводено од Арбен Таравари, адвокатот Абидин Абдули, коментирајќи ја одлуката на тетовскиот суд, рече дека на неа и претходело изземање на тројца судии кои требало да го водат предметот.

-На оваа одлука и претходеше изземање на тројца судии. Првин предметот беше определен кај единствениот судија во Основниот суд во Тетово кој е надлежен да постапува по предметите на политичките партии, судијката Бојана Тоиќ, меѓутоа другата страна бараше нејзино изземање со образложение дека премногу бавно се работел предметот. Претседателот на судот, кој го уважи ова барање заборава дека предметите во Основниот суд Тетово се закажуваат и после шест месеци па и повеќе и не се процесираат со месеци и години. После тоа предметот беше доделен кај судијката Тодора, па и кај неа имаше барање за изземање со образложение дека претседателот Арбен Таравари бил близок пријател со братот на судијката, иако тој бил починат пред 4 години. После тоа предметот беше доделен кај судијката Јасмина, која под очигледен притисок, дента кога го прима предметот, отвара боледување и така предметот стигнува до судијата Илир Реџепи, посочи адвокатот Абдули.

Абдули кажа и дека судечкиот судија во предвид не зел ниту еден доказ доставен од правниот застапник на крилото на Таравари и обвини дека најверојатно одлуката е донесена надвор од судот. Тој исто така посочи дека одлуката на судот не е конечна и дека во зададениот рок, кој изнесува 15 денови, ќе се поднесе жалба на изречената пресуда.

-Оваа одлука ќе ја обжалиме во Апелациониот суд во Гостивар, а ќе ги разгледаме и сите можности за кривична и процедурална одговорност на претседателот на Судот и на судечкиот судија. ас/сст/ 

фото МИА 

 

Остани поврзан