• понеделник, 25 ноември 2024

Кризен состанок НАТО-Зеленски: Сојузниците од Алијансата ќе испратат во Украина повеќе ПВО системи

Кризен состанок НАТО-Зеленски: Сојузниците од Алијансата ќе испратат во Украина повеќе ПВО системи

 

Брисел, 19 април 2024 (МИА) - Сојузниците од НАТО ќе и дадат на Украина повеќе системи за противвоздушна одбрана, соопшти денеска генералниот секретар Јенс Столтенберг, по кризниот состанок, организиран преку видеоврска, со министрите за одбрана и украинскиот претседател Володимир Зеленски, јави ДПА.

-НАТО ги мапираше постоечките капацитети во земјите на Алијансата што може да и се дадат на Украина, рече Столтенберг на прес-конференција по состанокот, пренесе германската агенција.

Генералниот секретар на Алијансата, исто така, напомена дека „неколку сојузници презеле конкретни обврски“ да испратат дополнително оружје за противвоздушна одбрана за Украина.

Украина е загрижена дали може да ја одржи линијата на фронтот против зголемениот руски воен притисок.

Зеленски пред состанокот кажа дека во последните недели Русија, во воздушни напади, ги уништи речиси сите термоенергетски планови на Украина.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан