• четврток, 22 февруари 2024

Кривични пријави против пет физички и едно правно лице од Битола

Кривични пријави против пет физички и едно правно лице од Битола

Битола, 24 ноември 2023 (МИА) - Управата за финансиска полиција, како резултат на повеќемесечна предистражна постапка, до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против пет физички и едно правно лице поради основано сомнение за сторени неколку кривични дела.

Според образложението на Управата за финансиска полиција, тие сториле даночно затајување, фалсификување или уништување деловни книги, намерно предизвикување стечај, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службена положба и овластување, злоупотреба на постапка за стечај и даночна измама.

Од Управата за финансиска полиција информираат дека пријавените предизвикале штета на државниот Буџет во вкупен износ од 19.447.640 денари. мт/бак/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан