• сабота, 18 мај 2024

Кривичниот суд одреди триесет дена домашен притвор за уште едно лице за упадот во М-НАВ

Кривичниот суд одреди триесет дена домашен притвор за уште едно лице за упадот во М-НАВ

Скопје, 13 декември 2024 (МИА) - Кривичниот суд Скопје определи триесетдневен домашен притвор за лицето осомничено за кривично дело - Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај кое повеќе дена беше недостапно на органите на прогонот, а вчера беше лишено од слобода на граничен премин. Од Судот посочуваат дека исто така на ова лице ќе му биде одземена и патната исправа. 

Основното јавно обвинителство Скопје најави дека ќе вложи жалба на ваквата одлука. 

Вчера, надлежниот јавен обвинител беше известен од МВР дека е пронајдено и лишено од слобода уште едно од лицата кои беа опфатени со наредбата за истрага за упадот во М-НАВ. 

Претходно за упадот во М-НАВ домашен притвор беше одреден за четири лица, меѓу кои и Беким Незири советник во М-НАВ и функционер на ДУИ. аа/ев/

Остани поврзан