Кривична пријава против скопјанка, со тврд предмет нападнала сограѓанка
- Со Е.Т.П. е извршен службен разговор и таа го признала делото, а извршен е разговор и со сведоци на настанот, се појаснува во соопштението.
Скопје, 25 октомври 2023 (МИА) - Поднесена е кривична пријава против скопјанка, која со тврд предмет нападнала сограѓанка, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи.
- Полициски службеници од СВР Скопје вчера ја лишија од слобода 38-годишната Е.Т.П., постапувајќи по пријава од Е.Р., на возраст од 37 години, дека на 23 октомври во угостителски објект на подрачјето на Центар, со тврд предмет била нападната од Е.Т.П.. Со Е.Т.П. е извршен службен разговор и таа го признала делото, а извршен е разговор и со сведоци на настанот, се појаснува во соопштението.
По документирање на случајот, како што се додава во соопштението, против Е.Т.П. е поднесена кривична пријава за кривично дело „насилство“ по член 386 од КЗ и е предадена на ОЈО Скопје. бд/ир
Фото: МИА архива