• четврток, 22 февруари 2024

Кривична пријава против скопјанец за „фалсификување исправа“

Кривична пријава против скопјанец за „фалсификување исправа“

Скопје, 28 ноември 2023 (МИА) - Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.Р. (28) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.

Како што информираат денеска од МВР, С.Р. набавил фалсификувана македонска возачка дозвола за управување на моторни возила од В, С1, С, F, G и М категорија, со негови лични податоци, и таквата возачка дозвола на 16.08.2022 ја приложил при извршена сообраќајна контрола од страна на полициски службеници на патниот правец Скопје – Велес, при што било констатирано кривичното дело. дма/ев/

Фото: МИА архива

Остани поврзан