• петок, 22 ноември 2024

Кривична пријава против жител на Орќуше поради пустошење на шума

Кривична пријава против жител на  Орќуше поради пустошење на шума

Скопје, 29 септември 2023 (МИА) - Жител на гостиварското село Орќуше, добил кривична пријава од полицијата поради бесправна сеча на 12 кубни метри огнено дрво, со што го оштетил ЈП „Национални шуми“ – Шумско стопанство „Шар“ – Гостивар околу 2.700 евра.

Од МВР информираат дека надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднела кривична пријава против Н.О.(58) од с. Орќуше, поради постоење основи на сомнение сторено кривично дело „пустошење на шума“.

- Пријавениот, на 08.09.2023 во с. Орќуше, во државна шума, без да поседува одобрение за сеча, со моторна пила исекол околу 12 кубни метри огревно дрво и го оштетил ЈП „Национални шуми“ – Шумско стопанство „Шар“ – Гостивар за сума од 164.983 денари, информира МВР.  ир/нд/

 

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан