Кривична пријава за малолетникот кој со „ауди“ удрил пешаци во Скопје
- Од МВР денеска соопштија дека синоќа во 22.00 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на крстосницата од ул.„Дринска“ и ул.„Галичица“ во Скопје патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 17- годишен малолетник од Косово, удрило во пешаците С.И.(18) и 17-годишна малолетничка, двајцата од Скопје.
![Кривична пријава за малолетникот кој со „ауди“ удрил пешаци во Скопје](https://mia.mk/images/20250216143521_big_730x400_67.webp )
Скопје, 16 февруари 2025 (МИА) - СВР Скопје денеска до надлежното обвинителство поднел кривична пријава против малолетникот кој синоќа удрил пешаци во Скопје.
Од МВР денеска соопштија дека синоќа во 22.00 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на крстосницата од ул.„Дринска“ и ул.„Галичица“ во Скопје патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 17- годишен малолетник од Косово, удрило во пешаците С.И.(18) и 17-годишна малолетничка, двајцата од Скопје.
- Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.И., додека малолетничката се здобила со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Возачот е задржан во полициска станица и против него е поднесена кривична пријава по брза постапка, соопштија од МВР. цр/
Фото: МИА архива