• петок, 22 ноември 2024

Кривична пријава за адвокат од Ресен кој злоупотребил податоци на починато лице за да продаде имот

Кривична пријава за адвокат од Ресен кој злоупотребил податоци на починато лице за да продаде имот

Скопје, 23 август 2024 (МИА) - Поднесена е кривична пријава за 60-годишен адвокат од Ресен, кој пред две години злоупотребил податоци на починато 94-годишно лице, за да продаде имот и на тој начин да се стекне со противправна имотна корист во износ од 2.273.965 денари.

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против С.Т.(60) од Ресен поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „злоупотреба на исправа со невистинита содржина“.

- Во текот на 2022 пријавениот, адвокат од Ресен, со свој потпис и печат заверил два договори за купопродажба на недвижен имот, кои ги употребил при солемнизација пред нотар во Тетово, а притоа се потпишал и во графата продавач, за што употребил полномошно со невистинита содржина од 94-годишно лице, кое било починато пред повеќе од два месеци пред заверката, објаснуваат од МВР.

Изготвените договори и полномошно ги искористил, наведувајќи податоци од патна исправа, издадена од странска земја на име на починатиот.

- Исто така, договорот за купопродажба на недвижен имот од 14.07.2022, пријавениот го употребил за солемнизација на нотар и притоа навел податоци од патна исправа издадена од странска земја и употребил полномошно со невистинита содржина, а полномошник било починатото лице, велат од МВР.

Недвижниот имот, сопственост на наследникот на покојниот, пријавениот го отуѓил на трето лице и се здобил со противправна имотна корист во износ од 2.273.965 денари, исплатени на негова сметка. ир/лв/

 

Фото: Скриншот

Остани поврзан