Кривична за битолчанец, во неговиот дом пронајдени 15 пушки, шест пиштоли, два револвера и 363 парчиња муниција
- СВР Битола поднесе кривична пријава против П.Ј.(69) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“.

Скопје, 16 мај 2025 (МИА) - СВР Битола поднесе кривична пријава против П.Ј.(69) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“.
Како што информира МВР, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле 15 пушки, шест пиштоли, два револвери, 363 парчиња муниција од различен калибар, различни делови од оружје и барут. мч/дма/
фото: МИА архива