• понеделник, 23 декември 2024

Крива Паланка во новогодишен сјај

Крива Паланка во новогодишен сјај

Крива Паланка, 6 декември 2023 (МИА) - Општина Крива Паланка годинава вложи еден и пол милион денари за новогодишно украсување на градот, низ централниот плоштад и парк, главните мостови, долж главната улица, на влезот и излезот од градот, со што повторно ги одушеви и жителите и посетителите.

Две години по ред Крива Паланка е меѓу најукрасените градови за време на новогодишните и божиќнитe празници, а и овојпат одговорните останаа на висина на задачата.

Градоначалникот Сашко Митовски информираше дека две години по ред општината го реализизра украсувањето со поддршка од донатори и општествено одговорни компании, но годинава се вложени буџетски средства.

-Годинава е украсен целиот град, централниот плоштад и парк каде што се поставени и бројни светлечки декоративни форми, како и плоштадот „Карпошово востание“ пред Општината, но и целата главна улица и воопшто целиот град е накитен. Дел од светлечките декорации се од претходните години,  а набавени  се и нови, информираше Митовски.

Според градоначалникот, градот е веќе препознатлив во регионот, не само по новогодишното украсување, туку и по понудата од областа на култура којашто следува во декември и јануари, во рамки на Новогодишен базар, со која се нудат бројни настани што привлекуваат неколкуилјадна публика во периодот на одржување.

Во тек е јавен повик за изнајмување куќарки што се лоцирани на централниот градски плоштад каде што се одржува базарот.

Одговорните се надеваат дека и оваа година интересот за посета на Крива Паланка ќе ги надмине првичните очекувања.ид/хс/

Фото: МИА

 

Остани поврзан