• четврток, 21 ноември 2024

Кремљ предупреди дека израелските напади во Либан би можеле да го дестабилизираат Блискиот Исток

Кремљ предупреди дека израелските напади во Либан би можеле да го дестабилизираат Блискиот Исток

Москва, 24 септември 2024 (МИА) - Кремљ денеска предупреди дека е можно израелските напади врз цели на либанската шиитска група „Хезболах“ во Либан да го дестабилизираат Блискиот Исток, пренесоа британските медиуми.

-Русија е многу вознемирена од развојот на ситуацијата, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Песков изјави и дека Русија нема друг избор освен да ги постигне сите свои цели во „специјалната воена операција“ во Украина. Тој додаде дека во моментот кога ќе се постигнат овие цели, воената операција ќе заврши.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан